Магичната состојка: Едноставен напиток кој го топи салото на стомакот

Го сметаат за магична напивка, посебно ако се пие наутро на празен желудник. Се работи за вода со кумин – таа го забрзува метаболизмот, а помага и кај проблемите со опстипација и подуеност.

Но нејзините бенефити по здравјето не завршуваат овде. Знаевте ли дека водата со кумин може исто така да ви помогне и да се ослободите од маснотиите за само 15 дена?

Тајната се крие во семето од кумин, кое содржи висок процент на антиоксиданси, витамин А и Ц, и магнезиум.

Освен што содржи мал број калории, овој зачин содржи и филостерол – растителна хемикалија која е прочуена по тоа што го спречува задржувањето на холестеролот во телото.

Вода од семе на кумин

Земете две супени лажици семе од кумин и потопете го семето во вода така што ќе го оставите да отстои преку ноќ. Поради испуштените корисни и нутритивно здрави состојки во водата, таа ќе поприми жолтеникава боја.

Потоа ви останува само да ја пиете и да ги сведочите резултатите.

- Реклама -