Мадрид протера најмалку двајца вработени во американската амбасада, поткупувале разузнавачи

Шпанија дискретно протерала најмалку двајца вработени во американската амбасада обвинети дека подмитувале шпански разузнавачи во замена за државни тајни, објави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи владини извори.

Ниту една земја веднаш не го потврди протерувањето, но шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, на прашањето за случајот, го омаловажи неговото значење за односите меѓу двете земји. Таа потврди дека во тек е судска истрага за „нерегуларно однесување“ во шпанската разузнавачка служба ЦНИ.

„Шпанија и САД се пријатели, сојузници и партнери. Кога има потешкотии кои би можеле да влијаат на нас, се разговара и се работи на нив, но тоа на никаков начин не влијае на односите што ги имаме“, изјави таа.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Американски официјален претставник во Шпанија рече дека американската амбасадорка Џулиса Рејносо нема да го коментира инцидентот.

Резултатите од истрагата покажале дека двајца шпански разузнавачи дале информации за „голема сума“.

- Реклама -