Мадиот српски фудбалер Пиваш нов играч на Њукасл


Српскиот фудбалер, 19-годишниот Миодраг Пиваш, е нов играч на Њукасл, на кој премина од Јединство од Уб, соопштија од англискиот клуб.

Пиваш игра на позицијата стопер и дефанзивен играч за врска, а минатата сезона одигра 18 натпревари за Јединство, екипа од малото место Уб крај Белград, која се пласираше во Суперлигата на Србија. Играше и за репрезентацијата на Србија до 17 години.

Младиот новосаѓанец кариерата ја започна во австриските регионални лиги играјќи за Зисенхајм и Гредиг, додека во тимот од Уб дојде во 2023 година. Пиваш за клупската веб-страница изјави дека е навистина неверојатно што станал дел од клуб како Њукасл и дека едвај чека да почне да тренира.

„Гледам дека младите играчи се развиваат многу добро овде и јас би сакал истото – да напредувам и да стигнам до првиот тим на Њукасл“, изјави Пиваш.

- Реклама -