Мајчинска љубов

Во земјотресот во Сишуан, Кина, кој се случи на 21 Април, 196 лица го загубија животот. Од целата таа трагедија, излезе уште една приказна за неизмерната мајчинската љубов.

Откако се смирил земјотресот, екипите за брза интервенција веднаш излегле на терен во потрага на повредени и преживеани. Пребарувајќи ги сите срушени куќи, дошле до куќата на една млада жена, чие тело можеле да го забележат преку пукнатините. Телото било во чудна положба, клекната на колена, со торзото подвиткана исто како да се моли.

Со големи тешкотии, лидерот на тимот успел да ја протне раката за да утврди дали е жива. Младата жена била почината од здобиените повреди на главата и грбот. После кратко истражување на рушевините, екипата продолжила на друга локација.
zrtva-majke

Но, по кратко време откако ја смениле локацијата, еден од членовите на екипата, се присетил на фотографија објавена во кинески весник, на затрупани мајка и дете. Положбата на телото, на мајката во фотографијата и младата жена биле слични. По негово инсистирање екипата се вратила, во рушевините кои претходно ги испитале.
Повторно лидерот на екипата ја протнал раката во рушевините, но овој пат го проверувал просторот под нејзиното тело. По краток период се слушнало плачење на бебе.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Целата екипа во истиот момент се фрлила на расчистување на рушевините. Било извадено 3 месечно бебе замотано во детско кебенце од прегратката на младата жена. Очигледно, жената ја направила најголемата можна жртва. Со своето тело го заштитила синчето од рушевините.

Кога го прегледувале бебето, во кебенцето пронашле мобилен телефон со напишана СМС порака “Ако преживееш, мора да знаеш дека те сакам”. Мобилниот телефон тивко кружел помеѓу сите присутни луѓе. Никој не останал рамнодушен.

- Реклама -