Сопствениците на мачки кои мислат дека нивните милeници манипулираат со нив сега имаат научна потврда дека се во право. Експертите идентификуваа специјално манипулативно предење кое еволуирало кај мачките со цел да го добијат тоа што го сакаат од луѓето.
Др. МекКомб која досега ја има проучувано и комуникацијата меѓу слоновите, лавовите и други цицачи, беше инспирирана од својата мачка за да го направи ова истражување. Таа објаснува дека со ова специјално предење мачките прават звук кој е сличен на плач од бебе што особено е ефективен кај луѓето. Истражувањето покажа дека круцијалниот фактор кој го прави ова предење алармантно е необичниот нискофрекфентен елемент кој потстетува на плачење. Мачките си предат и една на друга, меѓутоа ваквиот вид на молежливо предење го користат само кога комуницираат со луѓето, што ги прави мачките речиси невозможно да се игнорираат. Истражувачите сметаат дека мачките имаат способност да научат драматично да претеруваат кога ќе се покаже дека така можат да го добијат соодветниот одговор од луѓето.
Како звучи молежливо предење можете да слушнете тука.
[Cats Use Special Purr to Manipulate Humans]