Научници создале робот – наречен MABEL – кој може да трча со брзина од 10,94 километри на час, што е светски рекорд за машина со две нозе. Но ако видеото во кое роботот трча за вас е малку вознемирувачко, тогаш не сте сами. Еден корисник на Youtube забележал дека се работи за „рано видео на Skynet“ – компјутерскиот систем кој користи роботи за војна против луѓето во Термиантор филмовите.
Но, производителите на роботот предвидуваат дека технологијата која тије ја рафинираат ќе овозможи големи придобивки за човечката раса. Еден од нив, инженерот Џонатан Хрст од Државниот Универзитет од Орегон, изјавил: „Ние замислуваме неверојатни потенцијални апликации за развојот на роботи со нозе – егзоскелети кои ќе им овозможуваат на парализирани лица повторно да одат или кои ќе им даваат на спасувачи надчовечки способности, и автоматизирани протези кои ќе се однесуваат како биолошкиот еквивалент.“
Професорот Џеси Гризл, од Универзитетот од Мичиген, каде што бил изграден MABEL, исто така ја нагласисл корисноста на човеколики роботи. Тој рекол: „Секој од заедницата која работи со роботика се обидува да создаде машини кои можат да одат на истите места каде што можат и луѓето, што значи дека човечка морфологија е важна. Ако сакате да испратите робот да трага по луѓе во куќа која гори, тој најверојатно би требало да може да се качува и симнува по скали, да преминува над играчки на подот и да маневрира во средина каде што тркала или гасеници не би биле соодветни.“
{youtube}xlOwk6_xpWo{/youtube}
На истражувачите им биле потребни три години за MABEL да ја достигне сегашната максимална брзина и на роботот сè уште му е потребна потпора за хоризонтална стабилизација, но сепак се работи за голем скок напред. „Ова е неверојатно,“ додал професор Гризл. „Никогаш не сум видел машина да се движи на овој начин.“