МААЕ не најде докази дека Украина подготвува „валкана бомба“

Виена, 3 ноември 2022 (МИА) – Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашле докази за непријавени нуклеарни активности во три постројки во Украина, соопштено е од Агенцијата.

Украина побара инспектори да ги посетат нејзините нуклеарни постројки за да ги побијат руските тврдења дека Киев планира да употреби „валкана бомба“. Западот ги отфрли тврдењата, а аналитичарите сугерираат дека тие се дел од руската кампања за дезинформација.

„Нашата техничка и научна проценка на резултатите досега не покажа знаци на непријавени нуклеарни активности и материјали на тие три локации“, соопшти МААЕ, појаснувајќи дека ќе биде спроведена анализа на земените еколошки мостри.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, реагираше на соопштението на МААЕ, посочувајќи дека со тоа е потврдено дека, како што напиша „Русија е најголемиот светски лажго“.

Прочитајте и:  Истражување: Германците не сакаат Германија да ја преземе лидерската улога ако САД се повлечат од помошта за Украина
- Реклама -