Кога некој ќе спомне електричен велосипед, најверојатно помислувате на велосипед со кошница идеален за пат до супермаркетот. Но, „Ѕверот“ од М55 е нешто многу различно. Ѕверот, велосипед кој си го заслужва името, прави многу повеќе од нормалните велосипеди.

Со максимална брзина од 64 километри на час, и способноста да помине 120 километри со само едно полнење, Ѕверот дефинитивно го заслужил своето име. Во својата конструкција велосипедот содржи и делови направени од титаниум и јаглеродни влакна. За некои луѓе дизајнот може да биде малку преагресивен, но за други ќе биде сосема на место. Велосипедот бил развиван неколку месеци, и бил претставен на саемот SEMA во Лас Вегас.