Шек со свој алкохолен бренд

Една од најголемите НБА ѕвезди на сите сите времиња Шекил О’Нил, на почетокот на наредната година во соработка со ‘Devotion’  ќе лансираат во продажба вотка со име ‘Luv Shaq’. Вотката, како што истакнуваат од компанијата ќе биде директна конкуренција на вотката ‘Ciroc’ на раперот Шон ‘Диди’ Комбс и се очекува да биде достапна за сите со ниска цена.

Shaq-i-Diddy-629x301

Вотката на Шек ќе биде со вкус на кокос и ќе биде погодна и за спортисти бидејќи не содржи шеќер и глутен. Ова секако не е прв пат славни спортисти или други ѕвезди да направат свој бренд на алкохолни пијалоци како што е случајот со Џорџ Клуни, Ричард Гир, Дру Баримор, Лео Меси. Останува да видиме како вотката на Шек ќе биде прифатена на пазарот.

- Реклама -