Лутата храна, индиректно, ама го намалува високиот притисок

Се чини дека луѓето кои сакаат лута храна имаат помала потреба за сол, а како резултат имаат понизок крвен притисок. Тоа потенцијално го намалува нивниот ризик од срцев и мозочен удар, сугерира една нова студија.

Се покажало дека љубителите на луто во просек консумираат по околу 10.3 грама сол дневно, додека луѓето кои не сакаат луто консумираат по околу 13.4 грама сол во денот.

Резултатите сугерираат дека со помош на внес на лута храна може да се намали внесот на сол, а како резултат да се намали крвниот притисок, без оглед на видот и количината на храната. Од порано е познато дека лицата кои внесуваат поголема количина на сол имаат поголем ризик од срцев удар, запирање/нарушување на работата на срцето, и/или мозочен удар.

- Реклама -