Луксузниот објект “Проект К” го краси кејот на Вардар

Елитниот станбен комплекс “Проект К”,  ја добива својата завршна фаза со изградбата на втората зграда од проектот кој предизвика големо внимание и одушевување кај сите љубители на квалитетните домови.

Компанијата Enta Seal во чија сопственост се објектите, најавува дека е во завршна фаза и градбата на вториот објект од овој проект, кој за прв пат на пазарот понуди домови кои овозможуваат живот во близина на центарот на градот, но сепак далеку од градскиот метеж, во непосредна близина на Вардар, станови и апартмани опкружени со зеленило и свеж воздух.

DSC_0713

Она што ги прави уникатни домовите на “Проект К” освен нивната локација е и градбата која се одвива по сите светски стандарди.
Становите се изградени според високи светски стандарди за енергетска ефикасност кои гарантираат намалување на месечните трошоци во секое домаќинство до 70%. Секој апартман има сопствено греење и ладење изведено со вентилаторски конвектори така што овозможуваат максимална заштеда на електрична енергија. Ова е изведено со користење на подземните води, со што не само што се допринесува во еколошката издржаност на целиот објект, туку и обезбедува максимална заштеда на електрична енергија.

DSC_0608

Целиот комплексот е во вкупна површина од околу 7000м2, а останатиот дел од парцелата се обликува во вид на парк со патеки, зеленило, фонтани, летниковци и детски игралишта – кои се на располагање на сите жители на комплексот.

Овие станови се идеални за луѓе кои мечтаат за стилски животен простор, со високи естетски и функционални карактеристики.

DSC_0620

DSC_0687

- Реклама -