Луксузниот Ford Mondeo Vignale пристигнува наскоро

Најлуксузната изведба на Ford Mondeo до моментов – Mondeo Vignale, влегува во продажба во Европа подоцна овој месец, а цената ќе биде  приближно 41.650 евра. Во различни земји цената може да варира со малку, а во оваа фаза не е сигурно дали ќе има понуда на серијата во Македонија.

Во меѓувреме, Ford понуди дополнителни фотографии на возилото. Mondeo Vignale поминува куп дополнителни проверки во работилницата во близината на Валенсија, во Шпанија.

Однадвор впечаток прават новите хромирани детали и опционалните 19-инчни тркала, а во ентериерот се ставени кожени седишта, на кои конструкторите потрошиле 2,5 години, според Ford. Палетата на мотори на Mondeo Vignale вклучува 2.0-литарски турбо бензински мотор со 240 КЅ, како и два дизелски со истиот работен волумен и моќност од 180 КЅ и 210 КЅ. Постои и хибридна верзија со 187 КЅ, која вклучува бензински мотор и електромотор.

- Реклама -