Ако спуштањето на котва и влегува и излегување од чамец отсекогаш ви било здодевна и заморна процедура, тогаш Iguana 29 е идеалниот чамец за вас. Оваа амфибија е опремена со гасеници кои излегуваат за влегување и излегување од водата.
Чамецот е дизајниран од французите Тангуј ле Биан и Антоан Фриш Асосие, и може да достигне брзи 35 чворови (64 километри на час) на вода, благодарејќи на големиот мотор од 300 коњски сили, но по копно може да се движи со максимални 8 километри на час бидејќи за таа потреба зависи од мал мотор од 40 коњски сили. Чамецот собира 10 лица и има неколку елементи на луксуз, како палуба, маса и платформа за сончање од тиково дрво.
{youtube}wjK4xjSuVMs{/youtube}
Игуаната е исто така пријателска кон животната средина, притисокот која возилото го пренесува врз почвата е помал од оној на човечко стапало бидејќи тежината е распоредена преку гасениците. Но возилото не е евтино, со цена од 190.000 британски фунти. И иако таа цена е превисока за многумина, производителот тврди дека таа е соодветна бидејќи за тие пари добивате „елеганција, перформанси и квалитетен финиш кој ќе може да ги задоволи и најпребирливите клиенти“. [Meet the Iguana 29 – the boat that’s also a car]