Саудиска Арабија несомнено е едно од најинтересните места на светот. Нафтената престолнина успеа да ја претвори суровата пустина во неверојатни оази кои импресионираат со раскош и златен сјај.
Затворената политика на земјата, како и постојната апсолутна монархија со голема аристократија во која сите се принцови, буди дополнителен интерес кај тие што гледаат од зад границите. Што се однесува до самите принцови, тие се дефиниција за баснословно богатство и живот во лукзус во најпретераната смисла на зборот.
Ако за богаташките деца се вели дека се родени со сребрена лажица, за саудиските благородници слободно може да се рече дека не само што нивната е два пати поголема, туку е и златна, од 24 карати, плус украсена со дијаманти.
Иако поголемиот дел од нив не преферираат да се перчат пред камерите, некои сепак нé пуштаат да ѕирнеме врз она што го викаме саудиски луксуз само затоа што немаме подобар збор…
Да го земеме примерот на саудискиот принц Алуалид бин Талал – најбогатиот човек во Саудиска Арабија. Неговиот приватен Боинг 747 вреди околу 220 милиони долари, а во средината има златен трон. Бин Талал има лична послуга од 14 лични стјуардеси.
Во истиот овој авион, има трпезарија за 14 луѓе, а за храната е задолжен специјален личен готвач.
Јахтата на бин Талал – New Kingdom 5KR Yacht – има дискотека, кино, хелидром (со сé хеликоптер), базен и друго. Ја имаше и во филмот за Бонд – Never Say Never Again. Ја има купено од Доналд Трамп.
Позната ви е сликава подоле? Да, Алуалид бин Талал беше принцот што им купи авионски карти на своите 80 соколи.
А ова е помладиот принц Турки. Се обидува да му конкурира на бин Талал со своите златни автомобили.
Во кои често ќе најдете егзотични животни.
Пред неколку години, кога го посети Лондон, цел свет пренесуваше за неговата флота од ексцентрични (читај: златни) автомобили.
Но, сепак, има и поскромни. Фахад бин Фајсал, на пример, се откажа од голем дел од луксузот на кралскиот двор и се занимава со бизнис во Силиконската долина.
Еве го со својот скромен приватен авион, кој како што видовме од погоре, лесно можел да биде и златен Боинг.