Капетан од Катар Ервејс сподели фотографија од атмосферата на неговиот лет. А атмосферата – полна соколи.
Саудискиот принц им купил (се дебатира дали се соколи или јастреби) 80 авионски карти за да се возат во економска класа, меѓу патниците.
Коментарите на Редит, каде што првично беше споделена фотографијата, велат дека се работи веројатно за соколи за лов, и дека не е така чудно што се нашле во авионот на Катар Ервејс. Велат дека и порано имаат видено птици во авионите, а наведуваат и дека таквите птици имаат свој посебен пасош во Обединетите Арапски Емирати. Од друга страна, авионските компании имаат официјални правилници за вакви ситуации.