Градежните работи на луксузната станбена зграда 432 Park беа завршени во петокот и во моментов, по некои пресметки, таа е највисоката зграда во Њујорк.
Оваа зграда дури е повисока од новиот Светски трговски центар. Со своите 420 метри височина, 432 Park се издига над голем број супер високи згради во јужниот крај на Централ парк. Овие облакодери се толку високи што за нив било потребно одобрување од Федералната администрација за авијација пред да почнат градежните работи.
Зградата, чија што изградба чини 1.3 милијарди долари, има два пентхаус апартмани, еден на 96-тиот кат, кој беше продаден за 95 милиони долари и друг на 95-тиот, кој во моментов се продава за 85 милиони долари, пишува Business Insider.
Архитект на зградата е Рафаел Виноли кои се прослави во 2013 година, кога стана хит фактот дека сончевиот одраз од негова зграда во Лондон е толку силен што растопува автомобили и буквално пржи јајца на тротоарот . Во 432 Park има вкупно 104 станови, чии што цени почнуваат од 7 милиони долари. Еве ја и зградата:
Вака изгледа 432 park однадвор:
Огромните прозорци обезбедуваат максимално добар поглед кон градот.
Кујните ќе бидат опремени со мермерни бар маси и домашни апарати од нерѓосувачки челик.
Најдоброто место во кујната сепак ќе биде овој 3-метарски мермерен барплот точно пред прозорецот. Замислете како го пиете утринското кафе, а пред вас се протега целиот Менхетен.
Главната спална соба е дизајнирана така што креветот се наоѓа точно наспроти прозорецот и првото нешто што човек го гледа, откако ќе се разбуди, е градот спроти него.
Бањата исто така, нуди неверојатна глетка кон Централ парк.
432 Park ќе ја промени драстично силуетата на градот околу Централ Парк, откако ќе биде завршена сосема во 2015 година.