Ромелу Лукаку се надева дека ќе постигне повеќе голови од напаѓачите на Челзи, и ќе му докаже на Жозе Мурињо дека погрешил што го испратил на позајмица.
Репрезентативецот на Белгија минатата сезона импресионираше на позајмица во ВБА и постигна 17 погодоци во Премиер лигата.
Се веруваше дека ова ќе биде доволно за напаѓачот да добие шанса на Стемфорд Бриџ, но во последните денови од летниот преоден рок, ’Сините’ одново го испратија Ромелу Лукаку на позајмица, овој пат во Евертон.
Лукаку одлично ја започна авантурата на Гудисон Парк со четири погодоци зад своето име.
Во интервју за Het Nieuwsblad тој вели дека сака да му докаже на Жозе Мурињо дека погрешил што не сметал посериозно на неговите услови, и цели кон постигнување повеќе погодоци од сите напаѓачи на Челзи.
„Ќе му докажам на Мурињо дека погреши” – рече Лукаку. „Тренерот донесе одлука, и јас како играч, морам да ја почитувам”.
„Ја прифатив без противење, и сега сакам да му докажам дека погреши”.
„Сега се фокусирам само на тоа да играм добро и да постигнам што е можно повеќе погодоци. Мислам дека луѓето тогаш ќе кажат дека сум добар играч.
„Сакам да постигнам повеќе погодоци од напаѓачите на Челзи. Ќе видиме на крајот од сезоната кој го направил најдобриот избор”.
„Се надевам дека моите погодоци ќе му помогнат на Евертон да заврши пред Челзи .Оваа сезона сум во Евертон, и сакам само да го дадам максимумот за ’Карамелите’”.
„Исто така се надевам дека Жозе Мурињо и јас долги години ќе бидеме во Челзи, бидејќи знам дека тој го сака најдоброто за Челзи и знам дека е добар тренер”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал