Најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ ќе игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз, објави во понеделник словенечката новинска агенција STA.
Словенечката репрезентација е комплетирана со доаѓањето на Дончиќ, соопшти тамошниот кошаркарски сојуз, па сѐ упатува на тоа дека хрватските кошаркари за најголем ривал на дуелот против Словенија ќе го имаат Дончиќ, ѕвездата на НБА тимот од Далас Маверика .
Дончиќ до неодамна учествуваше во големото НБА финале со Далас каде беа поразени со 1-4 од Бостн Селтикс. Дончиќ финалето на плеј-офот го играше со неколку повреди, имаше хронични проблеми со коленото а го мачеше и скочниот зглоб, како и полесна повреда на торзото. Според објавувањето на словенечката новинска агенција, сите тестови кои Дончиќ ги направил по неговото пристигнување во Словенија, очигледно биле позитивни и според многумина најдобриот НБА кошаркар ќе игра за својата репрезентација.
Натпреварот меѓу Хрватска и Словенија ќе се игра на 2 јули во Атина, а во таа група е и Нов Зеланд. Оваа група се вкрстува со групата во која се Грција, Египет и Доминиканската Република, а само една одовие шест селекции ќе патува во Париз.
На последната Олимпијада Словенија и Дончиќ го освоија четвртото место.