4 проценти од луѓето користеле iPhone за време на секс

Од што би се откажале побрзо цел викенд – секс или iPhone? 15 проценти од луѓето кои одговориле на една студија рекле дека би одбрале викенд без љубов наместо да се откажат од нивната омилена направа.

Во неодамнешна анкета спроведена од страна на Gazelle.com (компанија која откупува стари iPhone телефони) биле анкетирани 1000 нивни муштерии. Тие биле запрашани дали би се откажале од секс или од iPhone за еден цел викенд. И 15 проценти од анкетираните рекле дека ќе се откажат од секс.

Ова не е првпат корисници на смартфон да признаат дека би се откажале од секс во корист на нивниот телефон. Во поврзана анкета спроведена од друга компанија, смарт телефоните биле изедначени со интимните врски како две работи без кои бизнис професионалците не би можеле да живеат.

Но, има и друга врска помеѓу iPhone и секс – речиси 4 проценти од учесниците во анкетата на Gazelle рекле дека го користеле својот iPhones за време на секс. Претставник на Gazelle рекол дека од компанијата биле многу изненадени од тоа колку луѓе рекле дека телефонот им е поважен од Facebook.

„Запрашани без која направа или платформа не би можеле да живеат мнозинство (65 проценти) избрале iPhone, а само неколку (1 процент) рекле дека не можат да живеат без Facebook.“ [4% of people have used their iPhone while having sex]

- Реклама -