Овие се реални луѓе со способности на фиктивните суперхерои. Животот ја имитира фикцијата (или обратно). Ви текнува на приказната за X-Men?
Овие се реални луѓе со способности на фиктивните суперхерои.Животот ја имитира фикцијата (или обратно). Ви текнува на приказната за X-Men?
1. Masutatsu Oyama-Божјата рака
Masutatsu Oyama е веројатно еден од најсилните каратисти во светот.
Може да убие (и го прави тоа на своите јавни настапи) бик со голи раце.
Се на се Masutatsu Oyama убил само со своите голи раце 52 бикови од кои
три ги суредил само со еден удар! Оттаму неговиот прекар е Божјата рака
и се смета како живо олицетворение на Јапонската воена максима „Еден
удар-сигурна смрт“. Ако мислите дека Oyama ака Божја рака им се
настрвил само на биковите, треба да знаете дека Masutatsu Oyama се
пробал и во kumite т.е. серија од двеминутни борби против различни
противници од кои секој што ќе победи продолжува со друг посилен
противник. Oyama поразил 300 луѓе во рок од 3 дена, а според некои
единствената причина што не поразил 400 била тоа што на противнициte им
здодеало да ги удираат во фаца. Има три филмови базирани врз животот на
Oyama:Champion of Death, Karate Bearfighter и Karate for Life.
2. Tim Cridland-човекот што не чувствува болка
Tim Cridland е поранешен член на циркус специјализиран во области како
што се голтање мечови, одење низ оган, спиење на кревет од шајки (еднаш
дури и со кола врз него), бодење на телото и себе-електрошокирање. Tim
вика дека може да го прави тоа зошто успева да владее со својот ум над
материјата. Научниците од друга страна, тврдат дека всушност Tim е
роден со мутација што прави тој да не чувствува болка како нормалните
луѓе. Тоа не значи дека тој не чувствува ништо,како што е допир или
температура, туку само болка која рецепторите на неговите нервни клетки
не ја регистрираат.
3. Човекот-авион
Yves Rossi е шведски професионален пилот и аеронаутички инжинер кој,според неговите зборови,бил инспириран од неговиот херој Бетмен кога го
конструирал леталото кое се прицврстува на телото на оној што лета.
Jet-Man’s jet pack леталото може да издржи да лета само 6 минути со брзина од
160 метри/час после што треба да се активира помошниот
падобран-недајбоже да откаже во последен момент. Ако се прашувате која
е супер-моќта на човекот-авион тогаш очигледно не сте ја зеле во
предвид гооолемата храброст што е потребна да се скокне од авион со
само вакво нешто на грбот. Колку за илустрација погледнете го видеото.
4. „Супер-моќта“ на будистичките монаси
Експертите ја проучуваат оваа способност на монасите повеќе од 20
години и немаат ама баш никаква идеја како им успева тоа. Имено,со
помош на медитациска техника наречена Tum-mo, овие монаси можат да го
намалат својот метаболизам за цели 64 проценти. Колку за илустрација
вашиот метаболизам е намален од 10 до 15% кога спиете. Не само тоа –
овие монаси можат да ја зголемат својата температура и за 17 степени.
Никој не знае како. Со оваа способност монасите можат да преживеат
екстремни околности.
Се верува дека овие техники на монасите еден ден ќе им помогнат на
астронаутите (доколку ги совладаат) во патувањата низ вселената. Продолжува…