Луѓето не можат да се движат по права линија

Одење во круговиИстражувачите од Институтот за био-кибернетика Макс Планк, преку повеќе експерименти, утврдиле дека луѓето не можат да се движат по права линија, доколку не постои фиксна референцијална точка. Во тој случај, сите се вртат во кругови и неминовно се губат во просторот.

Доколку одите, возите или пак пловите со врзани очи, низ магла или пак во ноќ без ѕвезди, нема да можете да задржите права линија во движењето, без разлика колку и да се трудите. По некое време ќе започнете да се вртите во кругови и ќе се загубите. Причината за ова е фактот што луѓето, поради некоја мистериозна причина, секогаш имаат тенденција да се наслонуваат кон едната или другата страна.

Некои луѓе тврдат дека сето ова се должи на фактот што едната страна од мозокот доминира над другата. Други пак велат дека причината лежи во тоа што едната нога е секогаш за нијанса покуса од другата. Но, според ова, последно истражување, тоа не се валидни причини за ваквото, уникатно однесување. Според заклучоците, веројатно не се работи за една причина, туку за сложена комбинација. [Walking in circles]

- Реклама -