Луѓе-пчели

Луѓе-пчелиЛуѓето кои ги гледате на фотографијата ги нарекуваат луѓе-пчели. Фотографијата е направена во Маоџиан во Кина на полиња каде веќе нема пчели за да ги опрашат дрвјата. Пчелите се уништени со прекумерна употреба на пестициди. Луѓето-пчели рачно ги опрашуваат цветовите со помош на специјални стапчиња за опрашување направени од перја од кокошка и филтер од цигари. Замислете каква макотрпна работа е да се опрашат милијарди цветови.

Една третина од сите растенија со кои се храниме опстојува низ процесот на опрашување. Пресметките велат дека само во САД трошоците за замена на оваа услуга која природата ја прави бесплатно низ векови, изнесуваат од 14 до 92 милијарди долари. Ако не се преземе ништо за заштита на пчелите, глобалната финансиската криза која го зафати светот последниве години во однос на овие трошоци би била смешна.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Проблемот се јавил и во Британија каде пчелите ги снемува алармантно брзо. Истражувачите во овој домен предвидуваат дека ако вака продолжи до 2018 година во Британија ќе ги снема пчелите.

Без пчели во голема мера ќе се зголеми недостаток од храна, па затоа се препорачува одгледување растенија кои пчелите ги обожуваат. Покрај опрашувањето пчелите даваат и мошне хранливи и лековити производи, но се и првите индикатори за чиста, односно загадена околина.

Пчелите се многу битни за животот на Земјата – тоа го рекол и Алберт Ајнштајн. Според него ако ги снема пчелите, животот на Земјата ќе згасне за само четири години. Прогнозата е застрашувачка.

- Реклама -