Имате лош ден? Една опција ви е апче за смирување. Друга опција ви е да се споредите со некој со полоша среќа од вашата.
• Ноќта имало снежна бура, а ти си го заборавил прозорецот од колата
• „Погоди кое шкафче е моето“
• Ај добро утро.
• Најлошото што може да се случи во маркет.
• Кога универзумот апла ти порачува да земеш да работиш, а не да играш среќки
• Ѝ паднал еж на глава
• Ти: „УПМ каснам за на работа!“ Снегот: „Не брзај, џабе е“
• Стратешки поставен пајак
• Понеделник…
• Упс
• Не ќе да е тоа средството за во машината за садови
• На англиски го викаат „fire truck“. Сега има смисла.
• Типче во Германија го викнале на домашна сино-зелена журка. „Сино“ меѓу Германците е израз за алкохол и пијанчење, а „зелено“ за трева. Типов не знаел, мислел на маскенбал го викаат.
• Права трагедија
• Ах, иронијата…
• Роденден, мала забава
• Фино што бојосал, ама ќе било пофино да било плански
• Кога вратата ќе ти се отвори 50-50
• Цел живот работиш, на крај зијан искачаш
• Барем точакот е на безбедно
• Ова се случило среде лет
• Кога ќе ти прокисне таванот
• „Забавен“ парк
• Шокантно: Оганот гори ствари
• Нема гајле, ќе пропешачам
• На ознаките пред клупата пишува: „Тазе фарбано“
• Дете со тротинет (и лоша среќа)
• Одвај чекаш да стигнеш дома и да го отвориш, и тогаш ова…
• Вадиш банани од кеса, некако глупо ти се закачуваат, и имаш ова
• Претпоставуваме им спаѓа во работен опис
• Чипс. Не се преболува лесно.
• „Ми падна…“
• „Терај друже, ќе си купам нов“
• Кога на твојот Ford Fiesta Flame ќе му се одлепи „F“-то. Стварно е lame.
• Кога возиш додека пишуваш порака
• Судир меѓу возило и камион со смрзнати пици
• Добар старт во животот
• Кога си студент и ќе ги помешаш деновите
• Сите маршираат исто, ама еден неизбежно ќе штрчи
• „Добар ден, чаша вода може? Со шеќерче, ако не е проблем“
• „Лифтот не работи, денес одиме по скали“
• „Другар ми денес сфати зошто канцелариите не ги прават на отворено“
• Сообраќаен запек
• „Четири саати сум на работа, и дури сега гледам дека сум облекол различни кондури… Понеделник…“
• Кога ќе најдеш пакување од нови боксерки во веце на работа, знаеш дека некој стварно имал лош ден
• Другарка ми се сопна додека виткаше трепки
• „Ме ограбија“
• Еден чуден ден во Фиренца
• И броење пари знае да е опасно
• Не принтај, црно ти се пишува
• Некој ќе има повеќе од еден лош ден
• Ти паѓа чашата, ти се крши вц школката.. Камо да не купеше толку квалитетни чаши.
• Убаво викаат старите: „Јахтата нема да те направи среќен“
• Кога гледаш македонска репрезентација и водиме
• Фино што ќе ја средат тендата, уште пофино што ќе остават скала гратис