Лудите диети на олимпијците

Дали знаете лако се исхрануваат Олимписките кандидати во пресрет на најважните натпревари во нивниот живот? Од прејадување со јаглени хидрати и протеини, преку јадење ислучиво риба, па сѐ до најбизарни прехрамбени навики и диети. Еве што џвакаат олимпијците пред нивните натпревари.

1.600 калории, само со банани

Џоан Блејк е спринтер од Јамајка и светски шампион на 100 метри кој неодамна го победи Усаин Болт на Олимписките квалификации. Запрашан за тоа како ја постигнува својата атлетска издржливост, одговорил неверојатно, со јадење 16 банани  на ден!. Тоа се околу 100 калории по овошје, што е три четвртини од калориските потреби на еден обичен човек.

Млеко, многу млеко!

За американската гимнастичарка Ели Рајсман ова се први Олимписки игри. Таа се колне во чоколадното млеко.  Тврди дека научно е докажано дека млекото е најдобриот пијалак за закрепнување по напорните тренинзи, поради високата застапеност на јаглени хидрати и протеини во него. Ели го пие во огромни количини, како и многу други познати спортисти.

Без свинско, без телешко, без јагнешко, без допинг

Кинеските олимпијци се на диета која не содржи месо. На ова беа практично принудени поради фактот што месото кое се користи во Кина е испрскано со кленбутерол кој може им предзивика проблеми на вообичаените анти-допинг тестови. И додека светската анти-допинг агенција им препорачува на олимпијците да се хранат исклучиво во одбрените и проверени ресторани од Федерацијата, кинеските спортисти се држат до диета која вклучува само риба и протеини во прав. Како што вели тренерот на женскиот одбојкарски тим, девојките се мачеле на теренот откако почнало спроведувањето на оваа ригорозна диета.

Дали би сакале малку сирење, со 15 кила месо?

Работите беа многу различни во Античка Грција. Церемонијата на отворање беше без големи спектакли, но повеќето луѓе знаеја што е тоа седмобој. Протеинските табли и геторејд шишињата беа далеку од типична храна за спортисти. Најмногу се консумирало сирење и овошје. Легендата вели дека еден славен борач од Крит јадел 15 килограми месо, многу леб и сето тоа го залевал со три бокали вино.

Mекдонадс диета?

Пливачот Мајкл Фелпс јавно ги негираше гласините дека како од шега јаде 12.000 калории на ден. Од друга страна, за неговиот тимски колега Рајан Лохте е познато дека има опсесија со брза храна. За време на Олимписките игри во Пекинг 2008 година,  Рајан се хранеше исклучиво во Мекдоналдс во текот на целиот свој двонеделен престој. Тој јавно најави дека ќе се обиде да ги намали маснотиите во подготовките за Лондон, но прашање е како ќе му одолее на најголемиот Мекдоналдс ресторан во светот кој се наоѓа веднаш до арената. Во случај да им се врати на старите навики,  за да достигне 12.000 калории како Фелпс, ќе му бидат потребни 22 Биг Мека.

Гладување

Додека некои спортови бараат од спортистите постојано да јадат, некои други го изискуваат токму спротивното. Сон Јеон – Жи од Јужна Кореа се натпеварува во ритмичка гимнастика и се храни како врапче, прескокнувајќи ја вечерата што е невообичаено за професионални спортисти. Како што самата признава, „гимнастичарките од западните земји имаат подолги екстремитети, па и покрај тоа што тежат исто тие делуваат како послабо. Затоа морам да тежам помалку, за да изгледам убаво како нив“. [The Crazy Diets Of Olympic Athletes (Chocolate Milk? Big Macs? Yep.)]

- Реклама -