Дознајте што ве очекува во новата година, на љубовен план.
ОВЕН
Обидете се да издвоите повеќе време за својот партнер, а спротивно може да ви се случи и тој или таа да побара љубов и нежност на друго место. Март и април се идеално време да патувате на некое романтично патување со партнерот. Слободните овни во следната година ги очекува љубов со Скорпија или Бик, а секако би требало да ги избегнуваат раковите. Слободните припадници на овој знак би можеле да ја сретнат својата сродна душа во ноември или октомври следната година.
БИК
Партнерот ќе ви пружи најголема поддршка во тешките времиња кои следат за вас во емотивна и психичка смисла. Биковите одлично ќе се согласуваат со Стрелци и Лавови следната година. Оние кои што ги очекува свршувачка, би можело да им се случи тоа кон средината на годината, а слободните Бикови би можеле да доживеат фатална љубов во мај и јуни. Патување во странство со љубовниот партнер очекувајте во јуни или јули, така што бидете подготвени за многу романтични моменти.
БЛИЗНАЦИ
Трета особа ќе се обиде да се вмеша во вашата врска. Внимавајте, на вашиот партнер лесно би можела да му се допадне. Во првите неколку месеци дадете се од себе, за да ја сочувате врската. Влизнаците најдобро се согласуваат со Ваги, а слободните припадници на овој знак, би можеле да се заљубат на почетокот од годината. Романтични изненадувања ве очекуваат на крајот.
РАК
Не заборавајте посебни датуми во вашиот љубовен живот. Вашиот партнер тоа ќе го почитува и ќе ви возврати со иста мерка. Раковите ќе бидат многу компитабилни со Јарци и Овни, па лесно може да дојде до романса со овие знаци, но ќе бидат најмалку заинтересирани за љубов со Скорпија. Некои љубовни афери кои не сте ги очекувале, би можеле да ви се случат годинава. Септември и октомври се совршени добри месеци за романтични викенди со партнерот.
ЛАВ
Во следниот период ќе бидете попривлечни за партнерот од порано, а тоа како последица ќе придонесе тој или таа станат посесивни во врската. Лавот оваа година би можел да се заљуби во Стрелец или Близнак, а најмалку ќе биде заинтересиран за Вага. Романтични излети немојте да очекувате годинава, но понекоја вечера во двојка, секако би можела да се случи.
ДЕВИЦА
Љубоморен член од семејството би можел да се обиде да ви ја уништи врската, на вас е да ја чувате. Срцето на девицата оваа година би можело да го освои Јарец или Рак. Девиците се обидуваат да пронајдат партнер за целиот живот, а оние кои што ќе успеат во тоа, можат да очекуваат венчавка на крајот на годината или евентуално на почетокот на 2016. година. Ве очекува романтично патување во јуни.
ВАГА
Ќе му бидете потребни на вашиот партнер во времиња на криза и тешките моменти што го очекуваат. Вагите ќе бидат романтично настроени кон Биковите и Лавовите, но ќе бидат најмалку заинтересирани за Водолиите. Оние кои се пред венчавка, мораат да направат многу компромиси за да се случи тоа. Немојте да бидете разочарани, доколку не успеете да направите романтично патување оваа година.
СКОРПИЈА
Во почетокот на оваа година, ќе ви биде важна кариерата и обврските на работното место. Обидете се тоа да му го објасните на партнерот за да не дојде до недоразбирања или до прекин на врската. Скорпиите би можеле да очекуваат блискост со Јарец или Близнаци. На средината од годината ве очекува патување со партнерот на некоја егзотична дестинација.
СТРЕЛЕЦ
Игнорирањето на прашањата кои се проблем во вашиот емотивен живот, со време ќе станат поголеми. Разговарајте со својот партнер отворено за она што ве мачи. Стрелците ќе бидат романтично наклонети кон Скорпиите и Рибите, а ќе го избегнуваат друштвото на Водолиите и Биковите. Потрагата за правда би можела да се заврши во октомври или во ноември. Некои возбудливи романтични одмори ќе се случат во последните месеци од годината.
ЈАРЕЦ
Работете на себе, доколку сакате да доживеете љубов. На јарците во следната година ќе им одговара друштвото на Рак и Бик, а најмалку ќе бидат заинтересирани за Риби и Лав. Шансите да отпатувате на романтично патување и страствен викенд се големи.
ВОДОЛИЈА
Нема да бидете разочарани од партнерот, но оваа година ќе ви оди лошо на работа. Ќе ви се пружи поддршка и финансиски и емотивно. Водолијата би можела да се заљуби во Овен или Близнаци оваа година. Потрагата по вистински партнер за брак ќе заврши на крајот од годината. Романтично изненадување очекувајте во мај или јуни, следната година.
РИБИ
Немојте да се обидувате да го разделите вашиот партнер од неговото друштво и семејството, бидејќи тоа ќе создаде сериозни проблеми во вашиот љубовен живот. Можни се чести расправии со партнерот во првите неколку месеци следната година. Слободните риби можат да очекуваат романса со Близнаци или Јарец на крајот од годината.