Месечната награда за најљубоморна жена која не може да го остави својот поранешен партнер ја освои Геновева Нунез.
30-годишната жена неодамна се разделила со својот дечко, но одбивала да го замисли животот без него и од таа причина успеала да скокне во оџакот на човекот со надеж дека ќе го изненади.
Геновева скокнала во тесниот простор и стоела во заложништво неколку часа, додека соседите не ја слушале како плаче и вика. Пожарната и полицијаа реагирале веднаш и сфатиле дека девојката навистина има многу голем проблем, па побрзале да ја извадат од тесниот простор.
Жената била извадена со помош на огромна количина на лубрикант, но некаде во оџакот останало нејзиното достоинство.
Поранешниот партнер вели дека ова е нејзин втор неуспешен обид за упад во домот.