„Плови Саша…
Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ“, пишува лидерот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски, по осудителната пресуда за поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, во предметот „Таргет-Тврдина“.
„Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.
Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови“ вели Бошкоски.
Тој додава и дека не е човек што се сити на нечија несреќа или го исполнува нечие страдање, и дека тоа го прави различен од нив и се гордее со тоа.
„Јас – Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија, секогаш се бориме за воспоставување на ред и доследно спроведување на законите“, порачува тој.