Во април се очекува да излезе во продажба најновата колекција на Louis Vuitton за претстојната сезона пролет – лето.
Нејзините создавачи инспирацијата како да ја црпеле во атмосферата на средоземните краишта, а боите кои доминираат се полни со сончева светлина.
Небесните нијанси, бојата на розовите цветови како и сино – белата комбинација ќе бидат одличен избор за летниот период без разлика дали ќе го поминете во градот или на море.
Еден од новитетите е чантата Noefull која е комбинација од двата култни модели на чанти од овој бренд- Noe и чантата со макси димензии Neverfull.
Аксесоарите од оваа колекција се украсени со екстравагантни цветови кои расцветуваат на свилените марами, крпите за на плажа, па дури и на апостолките и сандалите.
Погледнете дел од рекламните постери кои ги нуди Louis Vuitton за својата колекција!