Lotus го претстави најмоќниот и најбрз сериски модел во историјата. Ова е новата модификација на каросеријата Evora, која доби додаток 400 кон името, а се разликува не само по својот моќен мотор, туку и полесна каросерија и целосно преработен ентериер.
Новиот Lotus Evora 400 може да се пофали со 6-цилиндричен турбо мотор со зафатнина од 3,5 литри, кој развива моќност од 406 КЅ. Тој работи во комбинација како со 6-степен мануелен менувач, така и со автоматски менувач со ист број брзини. Благодарение на овој агрегат каросерија забрзува од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди, а максималната брзина му е лимитирана на 300 km/h. Треба да се напомене дека кај модификацијата Evora S истиот мотор има 350 КЅ.
За сериозните спортски можности на автомобилот помага не само моторот, но и намалувањето на тежината. Ревидирана е и суспензијата, при што е користен алуминиум и тоа овозможува заштеда до 22 килограми. Верзијата на Evora 400 со рачен менувач има самоблокирачки диференцијал, помоќни сопирачки механизми и лесни 19-инчни тркала. Освен тоа каросерија има нови браници и масивно антикрило. Во внатрешноста постои нова инструментална табла, целосно модернизирани централна конзола и различен управувач. Исто така од Lotus го подобриле значително квалитетот на материјалите.
Производството на новата верзија на Lotus Evora ќе стартува во текот на летото, а се очекува првите примероци да бидат на располагање на дилерите на брендот на крајот на август.