Лоши вести од Италија: Се влошила состојбата на Синиша Михајловиќ

Здравствената состојба на српската легенда Синиша Михајловиќ, кој три години се бори со леукемијата се влошила објави италијанскиот новинар Иларио Ди Џиова, од Радио Радио, потврдувајќи ги информациите кои утринава се појавија со поддршка за Србинот да издржи во новата битка.

Михајловиќ веќе три години се бори со леукемијата, имаше успешна трансплантација на коскена срж, но болеста повторно се врати и покажува заби, а сега состојбата е влошена, но нема детални информации, ниту некој од неговото семејство потврдил во јавност.

Според Ди Џиова, Србинот е во стабилна состојба, но во далеку полоша состојба од претходно.

- Реклама -