Популарната убавица Адријана Лима, побарала на социјалните мрежи некој да ѝ помогне да го најде своето куче, а во „помош“ се јавил еден Србин.
Адријана многу се вознемирила кога пред некој ден го изгубила кучето во Мајами и брзо побарала помош на својот Твитер профил.
– Моето куче, Ајви, исчезна пред два дена во Мајами. Ајви многу му значи на моето семејство и на мене- напишала Лима и ги замолила сите да ѝ помогнат да го најде кучето.
На тоа се најде еден граѓанин од нашето соседство да се пошегува.
– Сигурно го нашла Ева Рас и му го дала името Живко!- напишал тој на српски јазик, а потоа додал дека Марко Јариќ може тоа да ѝ го преведе.
Lestat Đani, како што се наркува овој човек на Твитер, ѝ посакал на манекенката да го најде своето куче.
Се сомневаме дека шегата ја насмеала загрижената Лима, која сигурно не ѝ е до шега…