Поранешниот хрватски селектор, Славен Билиќ не е повеќе тренер на Локомотив Москва, на негово место доаѓа Леонид Кучук.
Славен Билиќ пред почетокот на минатата сезона седна на кормилото на Локомотив Москва, но не успеа да ги оправда очекувањата на славниот руски клуб.
Локомотив заврши на 9. место на табелата, па раководството на клубот се реши за смена на тренерското место.
Во соопштението на Локомотив стои дека договорот е раскинат по заемна согласност.
На местото од Билиќ доаѓа Леонид Кучак кој претходно бил тренер на Кубан Краснодар, Салјут Белгород и Шериф Тираспол.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал