Локација за која се верува дека е место на жртвување деца пронајдена во Перу


На северот на Перу, археолозите пронајдоа локација со скелети на околу четириесет деца, за која се верува дека била местото на нивното жртвување пред повеќе од 600 години.

„Многу од нив имаат исеченици на градната коска, некои на ребрата“, вели археологот Хулио Асенсио кој учествува во археолошкото ископување во близина на градот Трухиљо. „Секое дете е погребано посебно“, додава Асенсио.

Во близина се пронајдени и останки на двајца возрасни и две лами. Се верува дека локацијата припаѓа на локалната заедница Чиму која доминирала во Перу од осмиот до крајот на XV век, според Асенсио.

Историчарите веруваат дека групата жртвувала деца во обид да ја придобие наклонетоста на боговите по обилните дождови и поплавите. Тие биле покорени од Инките неколку децении подоцна.

Археолозите, исто така, претходно ја пронајдоа локацијата на масовно жртвување во близина, за која се верува дека, исто така, ѝ припаѓа на заедницата Чиму, со 140 скелети на деца и стотици лами.

Перу е дом на стотици археолошки локалитети на бројни предхиспанско култури и империјата на Инките, која владеела од она што сега е јужен Еквадор до централно Чиле пред околу петстотини години.

- Реклама -