Oчигледно кога бевме деца се справувавме полесно со логичките задачи на училиште.
Како што растеме, мозоците ни се толку оптоварени со информации што не успеваме да го согледаме очигледното пред себе. Ви упатуваме мал предизвик – можете ли да ги решите задачиве за 5 минути?
Верувајте ни, лесни се – 73% од петооделенците, на кои што им биле дадени, ги одгатнале за помалку од даденото време. Земете си едно ливче, напишете ги одговорите, а потоа споредете ги со оние од крајот на статијата… Старт! 🙂
1. Едно големо човече и едно мало човече се шетале во шумата. Малото човече било син на големото, но големото човече не му било татко. Што му е големото човече на малото?
2. Што е потешко – 1 кг памук или 1 кг железо?
3. Двајца луѓе играат по 4 часа шах … по колку часа играл секој?
4. Вие сте во соба без прозорци и херметички затворена врата. Собата е цилиндрична и Вие сте во центарот. Целата внатрешност на собата е наредена со огледала. Прашањето е колку свои рефлексии гледате?
5. Одеднаш заврнало и еден човек кој бил на отворено, немал каде да се скрие и дождот го навлажнил. Дошол дома, но ниту едно влакно од главата не му било влажно. Зошто?
6. Колку лажици треба да се стават на маса на која седат мајка, татко и сите нивни деца: 3 момци кои имаат една сестра, така што за секој да има лажица?
7. Земете 1000 и додаде 40 кон него. Сега додадете уште 1000. Сега додадете 30. Додади уште 1000. Сега уште 20. Додади уште 1000. И уште 10. Каков е крајниот резултат?
8. Таткото на Мари има пет ќерки: 1. Нана 2. Нене 3. Нини 4. Ноно Како е името на петтата ќерка?
Готово! Одговорите можете да ги видите под сликата:
1. Мајка
2. И двете се 1 кг односно се еднакви
3.4 часа
4. Ниту едно, бидејќи од никаде не влегува светлина и е темно.
5. Бидејќи бил гологлав.
6. Шест лажици, бидејќи момчињата се три и имаат една сестра.
7. Добивте ли 5000? Точниот одговор всушност е 4100.
8. Мари