Ќе се ревидира, повтори постапката околу превземењето на Универзална сала од Град Скопје, најави денеска од Штип, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој по посетата на културните институции одговараше на новинарско прашање, до каде е постапката околу преземањето на салата под надлежност на Министерството за култура и туризам.
Министерот за култура Љутков истакна дека првата фаза, односно нејзината изградба си тече.
-Тоа што е реално проблематично и јас како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ, бидејќи во оваа фаза на, мене ми изгледа како, реално и нелегален објект, како да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски, изјави Љутков.
Тој додаде дека изградбата на Универзална сала во Скопје ќе продолжи и, како што, вели „ве уверувам дека до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата ќе измаме здрав современ објект, според сите стандарди“.