Луѓето се повеќе гледаат околу себе и слушаат за неверства, разводи, лукави игри, па можеби една ваква приказна од реалноста која звучи како трагичен роман, ја враќа верата во најбавата човекова емоција.
Се работи за Лариса и Ијан кои се сретнале во 2005 година на факултет. Двајцата се дружеле интензивно, па многу наскоро почнале да размислуваат и за брак. Но тогаш Ијан доживеал сообраќајна несреќа кај Питсбург, по која останал неподвижен.
– Примивме повик дека доживеал сообраќајна несреќа. Не знаевме дали тоа се случило кога одел кон работа или кога веќе пристигнал таму, па дојдовме во Питсбург. Јас по целиот пат во автомобилот се молев мозокот да не му е оштетен, вели Лариса.
– Откако минавме неколку часа во болница, дознавме дека сепак главата е во прашање и претрпел травматска повреда на мозокот. Господ го поштеди неговиот живот, додава таа.
Потоа Лариса се вселила кај неговото семејство и учествувала во секој чекор од седумгодишното опоравување на Ијан.
[youtube]http://youtu.be/AEBzPi2GbkI[/youtube]
– Правев се што можев за животот да му биде интересен. Излегувавме на состаноци и кога гледам наназад, сигурно на останатите сме им изгледале чудно бидјќи тој не можеше ни да зборува, ни да јаде самостојно. Но ни беше супер и јас цело време разговарав со него. Знам дека пред несреќата сериозно размислуваше за брак, па дури бараше и прстен. Знам на кој начин размислуваше, па тоа многу ми помогна кога не можеше да зборува. Знаев дека ме сака и во која насока сака оваа врска да напредува, бидејќи имавме многу интензивна врска, вели Лариса.
Одлучивме дека не можеме да размислуваме за бракот како опција додека Ијан не биде способен да комуницира, но дека кога ќе може да зборува ќе се венчаме. Знаев дека се ќе биде поинаку, но се додека Ијан може да разговара со мене, бракот може да успее. Затоа, кога Ијан почна да комуницира со мене, се отвори таа можност и од тогаш гледавме како Ијан напредува, раскажува Лариса.
Во меѓувреме, на таткото на Ијан, кој цело време заговарал брак меѓу својот син и Лариса, му е дијагностициран тумор на мозокот, па не доживеал да ја види свадбата на синот.
Се венчаа на отворено, опкружени со своето семејство и пријателите. Не можеа да го танцуваат својот прв танц. Иако Лариса вели дека се значително поинакви од останатите двојки, таа верува дека можат да пребродат се, бидејќи многу се сакаат.
– Ијан не би ме напуштил ни во случај да ги замениме улогите, потенцира таа.