Ливерпул планира зголемување на ”Енфилд роуд”

Сопственикот на вториот најтрофеен клуб во Англија, Џон Хенри изјави дека планира зголемување на капацитетот на легендарниот стадион ”Енфилд роуд”. Американецот, кој исто така е и сопственик на безбол тимот Бостон Ред Сокс планира да инвестира околу 180 милиони евра во зголемувањето на капацитетот. 

Ова не е нов план на раководството на Ливерпул. И претходните сопственици, Том Хикс и Џорџ Гилет планираа зголемување на капацитетот, но проектот беше прескап и финансиски неисплатлив за нив. Новиот сопственик ги уверува навивачите дека тоа нема да биде случај сега и дека зголемувањето на капацитетот ќе се изврши.

Инаку, сегашниот капацитет на ”Енфилд роуд” е околу 42 000 гледачи, што е премалку за легендарниот англиски клуб. Со новиот план стадионот би требало да собира 60 000 гледачи. За да се овозможи тоа клубот ќе треба да купи одредено земјиште од околината, а Хенри изјави дека се на добар пат да го направат тоа. Сепак, тој не даде точен датум кога стадионот ќе почне да се зголемува.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

На крајот, тој се осврна на идното вложување на Ливерпул во нови играчи. Тој рече дека вложувањето во стадионот нема да има никаков ефект врз трансфер буџетот, затоа што долгорочно зголемувањето на капацитетот ќе му донесе заработка на клубот.

Текстот е објавен во соработка со Wintheodds.net

- Реклама -