Ливерпул одбил 30£ милиони од Арсенал за Суарез

Според пишувањата на медиумите од Англија, Ливерпул одбил понуда од Арсенал за услугите на Луис Суарез вредна 30 милиони фунти.

Минатата недела неколку обложувалници престанаа да примаат облози за можноста Луис Саурез да се пресели во Арсенал откако голема сума на пари била уплатена на тоа дека напаѓачот ќе ја продолжи кариерата на Емирати Стадионот.

Неколку весници од ’Островото’ сега пренесуваат дека ’Топџиите’ доставиле понуда вредна 30 милиони фунти, но Ливерпул експресно го одбил ваквиот предлог.

’Црвените’ планираат да го задржат напаѓачот и покрај тоа што самиот Суарез минатиот месец изјави дека посакува да замине од Премиерлигата поради лошиот третман што го добива од медиумите од Англија.

Прочитајте и:  Анчелоти ја повлече својата изјава, Реал ќе настапи на Светското клупско првенство

Но се верува дека Ливерпул ќе размисли за продажба на фудбалерот доколку пристигне понуда од околу 50 милиони фунти, сума за која Фернандо Торес беше продаден на Челзи.

Интерес за Луис Суарез пројавува и Реал Мадрид, а во последно време името на Уругваецот се поврзува и со Челзи.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -