Лицето издава каков е човекот во кревет

Ако сакате да дознаете каков е еден човек во кревет, само погледнете го неговото лице. Според кинеската наука  Сеан Мене (читање на лицето), ако сакате да дознаете каков е даден човек, треба да го погледнете во лицето. Кинезите ја практикуваат уметноста на читање на лицето повеќе од 3000 години и велат дека цртите зборуваат на таен јазик, како што велат сите за карактерот на човекот и тајните желби.

Човечкото лице може да заземе 7000 различни изрази. Луѓето користат едвај неколку од нив во своето секојдневие, но изразите кои ги користиме најчесто, оставаат трага на нашиот лик.

Веѓите

Луѓето со мали и ретки веѓи не пројавуваат голем  интерес за секс. Тие мислат духовно, а не сензуално. Луѓето со дебели и бушави веѓи се незаситни во сексот и имаат потреба од стабилен режим со нови еротски доживувања.

Очите

Луѓето со многу бледи очи постојано  бараат нови освојувања и брзо ги завршуваат старите. Тие се задоволуваат лесно сексуално (добра вест, ако сакате само секс), но придаваат помало значење на сексот и љубовта, (не толку добра вест, ако сакате поврзување). Склони се да го менуваат партнерот побрзо од облеката.

Луѓето со темни очи се страсни и длабоки, првично е тешко да покажат страст, но нема да зажалите  за напорите. Тие се како динамит во креветот и можат да бидат задржувани само со многу интензивен и разновиден секс.

Носот

Луѓето со прчлесто носе се фантазери, сакаат романтичен секс и традиционални позиции.

Луѓето со широк нос  се  целосна спротивност. Не само што го сакаат сексот, туку  и го сакаат во големи порции, колку повеќе ексцентричен, толку подобар.

Линиите

Луѓето со мали тенки линии во долниот дел на очниот капак имаат огромен сексуален апетит, секогаш се подготвени за секс и ништо не е забрането за време на страстите под покривката.

Луѓето со тенки линии под основата на носот ретко размислуваат за нешто друго освен за секс. Благословени или проколнати во зависност од гледната точка на највисоко либидо, тие имаат потреба да бидат сакани на секаков начин и се исклучително тешки за задоволување.

Усни

Луѓето  со голема уста се сметаат за исклучително потентни љубовници. Ако пак имаат и дебела долна усна, добиваат екстра поени – тие се сензуални и авантуристи.

Луѓето со широка уста се амбициозни суштества кои сакаат да бидат господари во спалната соба.

 

Луѓето со мала уста се инвентивни и со голема имагинација. Проблемот е што се верни само кога се најзаљубени.

 

- Реклама -