Лице од Бугарија фатено со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Лице од Софија, Република Бугарија, вооружено со два ножа, вчера било приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници кои биле во близина и при негов претрес ги пронашле ножевите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.

„Во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, во 11 часот, полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија. При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје“, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој посочи дека казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во земјава.

„Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид“, додаде Димоски.

Извор: МИА

- Реклама -