Од десетте илјадници навивачи
кои ќе ја посетат Германија до работливите волонтери, многу фактори се
соединуваат за да создадат од Светското Првенство спектакл без преседан
во светот на организираниот спорт.
Сепак, една работа е сигурна: без играчите, 736 фудбалери од 32 различни нации распределени на 6 континенти, ништо од горенаведеното не би имало значење.
Без разлика дали ќе го почнат своето патување од нерамните Карибиски игралишта или пак од катедралите на фудбалската игра во Европа, тие доаѓаат во Германија во потрага по иста работа: слава, почитување и шанса да ја држат в раце најпосакуваната награда во спортот, ФИФА пехарот.
За некои од нив ова ќе биде нивно четврто Светско првенство: Роналдо и Кафу(Бразил), Оливер Кан(Германија), Мухамед Ал Деајеа и Сами Ал Џабер(Саудиска Арабија) и Кеси Келер и Клаудио Реина(САД).
Овде може да ја погледнете листата на сите останати играчи кои ќе настапат во Германија:
Доколку сакате да дознаете и нешто повеќе за храмовите на кои ќе се играат натпреварите, прочитајте ја нашата статија: Стадиони – Германија 2006.