Во Чернобил живеат необични животни, како што се лисица која што прави сендвичи.
Екипата на Радио Слободна Европа снимала прилог во забранетата зона, кога им пришла една лисица.
Лисицата, која живее во дел од областа напуштена по катастрофата во 1986 година, сигурно немала многу можности да среќава луѓе, но не се исплашила од новинарите и камерманите.
Таа им се приближила на луѓето кои кај себе имале храна.
Новинарите и фрлиле неколку парчиња леб и колбасици, кои таа најпрво ги јадела тука пред нив. Меѓутоа, потоа започнала да собира храна за подоцна.
Го собирала лебот парче по парче, па месото, па повторно лебот и така со муцката создала нешто налик на сендвич.
Кога завршила со подготовката, заминала по својот пат.