Кошулите кои ќе имаат комбинација црно – бели линии ќе бидат незаобиколено парче во текот на пролетта и летото.Покрај белата, во комбинација со црно ќе се најдат и неонските бои: розова, жолта, сина и портокалова… Линиите ќе бидат хит оваа пролет, а дезенот ќе биде достапен како на фустаните и кошулите, така и на здолништата, панталоните и хеланките.
Вертикалните линии ќе ги направат вашите нозе визуелно да изгледаат долги, што ќе придонесе целата фигура да изгледа послабо.
Комбинирајте ги со останатата гардероба и аксесоарите кои исто така можат да го имаат овој дезен.
Бојата ќе го одредува и стилот, па така на оние кои сакаат елегантна комбинација им се препорачува црна – бела и браон – крем варијанта, додека за оние кои што сакаат да експериментираат „само небото е граница“. Нека внесат шареноликите линии свежина во вашиот пролетен стил.