Во финалето на ИТФ фјучрсот В75 во Рим играно во неделата, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Оксана Селехметева од Русија со резултат 2:0 во сетови.
Селехметева убедливо го доби првиот сет со 6:1, а во вториот противничката на Ѓорческа беше подобра со 7:3.
За македонската тенисерка ова беше второ финале во 2024 година, претходно во март играше во Ларнака на Кипар, а вкупно 35 во кариерата и има 13 титули.