Со лимонада против горештините

За разлика од повеќето пијалаци што се служат или се купуваат од маркетите, лимонадата има главно позитивен ефект врз вашето здравје, особено во летните горештини.

Лимонадата може да има поголеми здравствени придобивки и од самиот лимон, но под услов таа да биде направена од лимонов сок. Внимавајте, многу лимонади се направени од хемиски состојки кои не содржат лимон, односно имаат само арома на лимон, тие се штетни, а некои од нив можат да бидат дури и канцерогени.

Лимонадата е пријател на вашата кожа

Лимонадата добиена од свеж сок од лимон е богата со витамин Ц и други важни состојки кои ја одржуваат вашата кожа свежа и витална и го успоруваат процесот на стареење.

Лимонада за свеж и пријатен здив и здрава уста

Лимонадата го освежува здивот, ги уништува бактериите во устата и создава пријатен здив. Исто така таа може да ја смири забоболката и болката на непцето, при што е потполно здрава за вашата уста и јазик.

Прочитајте и:  Лекар тврди дека популарни додатоци во исхраната можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб

Лимонада против воспаленија на грлото

Лимонот е познат по своите антибактериски особини. Затоа лимонадата има способност да ги смирува воспаленијата на грлото. Пијте лимонада од свежо исцеден лимон секогаш кога имате воспалено грло.

Лимонада против вишок килограми

Доколку уште додадете млака вода и мед, лимонадата е идеална за губење на килограмите. Ова е рецепт што треба да се испроба за да се уверите во неговата делотворност.

Лимонадата ги штити срцето и крвните садови

Лимонадата прави чуда кај луѓето кои патат од хипертензија т.е. зголемен крвен притисок. Лимонадата го штити срцето и ги ублажува срцевите тегоби, па затоа е идеална за лицата со кардиоваскуларни проблеми кои треба да ја консумираат особено во летниот период.

Треба да се напомене дека лимонадата е одличен рехидратор на телото за време на летните горештини.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -