Манчестер Сити во осминафиналето го заврши патувањето во овосезонскиот англиски Лига Куп, подобар беш лондонски Тотенхем кој пред своите гледачи победи со 2:1.
Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а Тотенхем со два гола ја круниса подобрата игра од почетокот на мечот. Стрелци беа Вернер во петтата минута и Сар во 25 минута. Надежите кај гостите се појавија кога Матеус Нуњес го намали резултатот на 1:2 во судиското надополнување на првото полувреме. Сепак, така остана до крајот.
Манчестер јунајтед конечно се разигра сезонава, во првиот меч откако тимот го напушти тренерот Ерик тен Хаг, а на негово место барем привремено дојде Ван Нистелрој. Манчестер Јунајтед го победи Лестер со 5:2 на „Олд Трафорд“, постигнувајќи четири гола во првото полувреме. Касемиро и Бруно Фернандеш постигнаа по два, а Аргентинецот Гарначо додаде еден.
Натаму оди и Ливерпул кој на гостински терен го совлада Брајтон со 3:2. Гакпо ги постигна воведните два гола за Ливерпул. Дијаз еднаш ја погоди домашната мрежа, додека Адингра и Лампти беа домашни стрелци на крајот од натпреварот.
Успешен беше и Арсенал на гостински терен кој го совлада Престон со 3:0. Габриел Жесус, Нванери и Хаверц постигнаа голови.
Њукасл го победи Челзи со 2:0, со голови во интервал од само четири минути од првото полувреме. Најпрвин Исак погоди во 23. минута, а потоа автогол си постигна Дисаса во 26. минута.
Изненадување беше домашниот пораз на Астон Вила од Кристал Палас, кој славеше со 2:1. Стрелци беа Езе и Камада кај гостите, а Дуран за Астон Вила.
Лига куп, осминафинале:
Брајтон – Ливерпул 2:3
Њукасл – Челзи 2:0
Манчестер Јунајтед – Лестер 5:2
Престон – Арсенал 0:3
Астон Вила – Кристал Палас 1:2
Тотенхем – Манчестер Сити 2:1
Вторник:
Саутемптон – Стоук 3:2
Брентфорд – Шефилд Венсдеј 1:1, пенали 5:4