Нион, 13 декември 2021 (МИА) – Македонските фудбалски репрезентативци во редовите на Динамо Загреб. Аријан Адеми и Стефан Ристовски, членот на Наполи, Елиф Елмас, како и нивниот репрезентативен колега Бобан Николов со Шериф Тираспол попладнево со жрепка во Нион ги дознаа противниците во плејофот за пласман во осминафиналето во Лига Европа.
Италијанскиот тим ќе игра против Барселона, додека хрватскиот шампион за противник, исто така, доби шпанска екипа и ќе игра против Севиља.
Елмас со Наполи на првиот натпревар на 17 февруари идната година ќе и гостува на Барселона, додека истиот ден Адеми и Ристовски ќе гостуваат во Севиља.
Молдавскиот првак Шериф на Николов за противник ја доби португалската Брага и на првиот натпревар ќе игра на домашен терен.
Во останатите натпревари се среќаваат Аталанта – Олимпијакос, Лајпциг – Реал Сосиедад, Зенит – Бетис, Борусија Дортмунд – Глазгов Ренџерс и Порто – Лацио.
Реванш натпреварите се играат на 24 февруари.