Личниот пекол и втората шанса на човекот што ја направи грдата биста на Роналдо

Минатиот март, веста за откривањето на бистата на Роналдо на аеродромот во Мадеира го обиколи светот. Славата траеше уште долго време, но за жал не затоа што сите беа воодушевени, туку напротив.

Немаше ниту еден медиум што не извести за бистата со потсмешлив тон, се разбира упатен на сметка на авторот – релативно неискусниот скулптор (Роналдо му бил прва биста) Емануел Сантос . Дури ни Роналдо не изгледаше премногу среќен на откривањето на истата. Преку ноќ, Сантос од задоволен и горд скулптор се претвори во човек што е исмеван од целиот свет, во некои случаи мошне креативно, а во некои и едноставно грубо и навредливо, безмилосно.

Невозможно е да сфатиме колку всушност болка бистата на Роналдо и целото тоа исмевање му донело на Сантос и неговото семејство без да го погледнеме видеово. Вака отстрана звучи смешно, но кога ќе видите како тој го покрива своето лице секогаш кога ќе го прашате на темата, како неговата сопруга почнува да брише солзи кога ќе се присети на тие мигови, и како неговиот пријател одбива да ги повтори најгрубите забелешки и навреди, почнувате да го сфаќате размерот на раните што гордоста на Сантос ги претрпела во целото тоа патешествие.

Меѓутоа, ова не е тажна приказна, ниту пак солиме памет дека не е убаво луѓето да се исмеваат, барем не без усул, како што е обичај на интернет. Приказната е за друго; целата голгота на Сантос годинава му донесе предизвик од B/R Football, кои му понудија шанса да се искупи и да направи нова биста.

Сега Сантос е повторно горд, а овојпат има и зошто. Не само заради бистата, туку и за лекциите што ги научил попат. За нив повеќе во видеото подоле.

МАЈТАПОТ:

ВТОР ОБИД:

РЕЗУЛТАТОТ:

Целата приказна:

 

- Реклама -