На конференција за новинари на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас потпретседателот на LG, Џејмс Фишер, рече дека LG Nexus 4 е само прв од бројните производи на кои LG ќе работи со Google. На својата линија паметни телефони и таблети Nexus, Google до sега соработуваше со HTC, LG и Samsung.
“Нашата соработка со Google го создаде LG Nexus 4 smartphone. Ова е прв од бројните уреди од ова партнерство со една многу прибирлива компанија“, рече Фишер.
The International Business Times тврди дека LG почнал да го намалува производството на Hexus 4 за да го подготви теренот за нов уред и ги пренесе гласините дека наследници ќе добијат и моќниот процесор од 2GHz и новиот Android оперативен систем Key Lime Pie.
LG Nexus 4 ги доби пофалбите за квалитет, но популарноста ја стекна првенствено поради цените.