Левица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Кавадарци против Стојан Николов, градоначалник на Општина Росоман, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Правниот сектор на Левица достави докази, како сериозни наводи за злоупотреба на јавни средства и незаконско ангажирање на Стаменов, лице кое веќе имало статус на пензионер.

Со ваквите незаконски постапки, Николов превземал дејствија со кои злоупотребувајќи ја својата службена положба – градоначалник на Општина Росоман, ги пречекорил своите овластувања и склучил работни договори со лице за кое знаел дека не може да биде вработен во општина Росоман, а со тоа му овозможил на Стаменов да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на општина Росоман, во износ на вкупно договорениот надоместок за цело времетраење на договорите.

Ги повикуваме надлежните органи преку транспарентна и непристрасна постапка да ја процесуираат оваа пријава со највисока професионалност.

Левица ќе продолжи да се залага за одговорност и рационално трошење на јавните пари, а против расипничкото трошење на носителите на јавните функции кои се богатат врз грбот на граѓаните.

ПП Левица

- Реклама -